Коњаспор со резултат 2-1 го совлада Башакшехир, а натпреварот ќе остане во лошо сеќавање за македонскиот репрезентативец Енис Барди, кој доби црвен картон поради два жолти. Барди прво беше опоменат во 60. минута, а само пет минути подоцна повторно доби жолт картон, по што беше испратен во соблекувалната. Иако домаќините останаа со играч помалку уште половина час, вклучувајќи го и …